Драма и во „Билјанини извори“: Георгиески како Јагањац му донесе бод на Охрид

Речиси идентично како вчера на средбата меѓу Е. Работник и Металург и денеска во Охрид имаше голема драма на дуелот од плеј-оф лигата. Охриѓани се спасија од пораз во последната секунда, а и двете екипи има свои шанси за да дојдат до триумф на овој меч.

300x250

Охрид го доби стартот на оваа средба. Тргна силно и имаше одлична поддршка од Трајкоски. Седумте одбрани во првите неколку минути беа доволни за Охрид да поведе со 8:2, но потоа дојде до подзастанување и почна да се топи предноста на охриѓани.

Како што одминуваше времето Пролет се доближуваше и играше сè подобро. Сепак, не успеа и да се избори за приклучок во првиот дел, па на одмор беше 10:8.

На стартот на вгториот дел, Охрид дојде до 12:9, но тогаш почна враќањето на ракометарите на Пролет. Тие израмнија на 12:12 и мечот влезе во интересно продолжение. Следуваа наизменичко голови на двете страни.

Пролет првпат поведе со 17:16, но не успеа да направи поголема предност. Охрид редовно израмнуваше и се враќаше во ритам. При 20:19 за гостите, Кобетиќ не реализираше пенал, па се чинеше дека ќе биде играчот малерозниот ракометар на мечот. Сепак, и ракометарите на Пролет долго бараа простор за удар кон голот на Трајкоски, па тој го одбрани удрот на Василевски, а потоа одбиената топка заврши до играч на Пролет, но шутот заврши во статива.

Брзото додавање на Трајкоски до Пеце Георгиески отвори шанса за удар, а тој биеше прецизно и донесе реми на овој дуел и 20:20 така што во третата пресметка сезонава тимот на Охрид првпат успеа да освои бод против тимот на Пролет.

ОХРИД – ПРОЛЕТ           20:20 (10:8)

Сала: СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид. Гледачи: 700. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат: Јово Василев од Битола.

ОХРИД: Колев, Трајкоски, Ѓоргиески 1, Андоноски 5, Ивановски, Младеновски 5, Блажески 2, Костов, Ристески, Спасовски, Јанчев 1, Тасески 1, Кобетиќ 4, Андоновски, Димитриески, Димитријески 1.

Седмерци: 1/5, Исклучувања: 6 мин.

ПРОЛЕТ: Кристо, Коруновски, Кимевски, Ф. Василевски, Аларов, Јовчевски, Давитковски, Мајнов 2, А. Василевски 7, Ролевски 1, Трајковски 2, Андоновски 5, Џонов 2, Дамчевски, Стојановски, Манасков 1.

Седмерци: 3/6, Исклучувања: 2 мин.