Драма во кадетското финале: Вардар со минимален триумф над Металург до титулата

Кадетките на Вардар предводени од Марија Папуџиева и Анжела Платон, ја освоија титулата на завршниот турнир што се одржа во Прилеп, откако беа подобри од големиот ривал Металург со 32-31. Претходно овие две екипи ги победија составите на Шампион и домаќинот Деспина.

Вардар водеше на полувреме со 10-7, но во вториот дел тимот од Автокоманда се врати во игра. Во егал завршницата, подобри беа „црвено-црните“ девојки кои победија со еден гол разлика.

Најдобра на теренот беше Мила Пешиќ со девет голови, а во идеалниот состав на завршниот турнир се најдоа уште три вардарки – Сара Стефаноска, Борјана Коцева и Бојана Радевска.