Драматична завршница во Пореч: Франција извлече жива глава

Светскиот првак Франција едвај забележа победа во првото коло од Европското првенство, во репризниот дуел од финалето на СП над селекцијата на Норвешка со 32:31.

300x250

Избраниците на Дидие Динар, на стартот на првиот дел го диктираа темпото и водеа со 3 голови разлика, 5:2, па 7:4, пред скандинавците предводени од Кент Робин Тонесен да стигнат до 8:8 и до крајот на полувремето дури и да го преземат водството, 15:17.

Во вториот дел, Норвешка беше таа што диктираше темпо и водеше со 3 голови во повеќе наврати. По 24:27 во 48 минута, Французите стигнаа до 27:27. Се играше гол за гол до 31:31 се до последната минута, кога Гигу погоди на триесетина секунди до крајот, а Норвежаните не искористија напад.

Најдобри стрелци кај Франција беа Мае со 8 и Гигу со 5 голови, додека кај Норвешка се истакнаа Тонесен со 7 и Бјорнсен со 6 голови.