Драган Ѓукиќ промовиран во Одорхеи

Црногорскиот селектор и поранешен предводник на Македонија и на Вардар, Драган Ѓукиќ, официјално беше промовиран во нов тренер на романскиот прволигаш Одорхеи. Ѓукиќ за 24Ракомет го најави неговото заминување во Романија, а сега беше и официјално претставен пред тамошната јавност.

Во Одорхеи настапува македонскиот интернационалец Горан Кузманоски, а до скоро членови беа и Гоце Ојлески и Милорад Кукоски. Своевремено таму играа и Митко Стоилов и Лазо Мајнов.

Ѓукиќ за сезонава веќе ангажираше двајца поранешни металурзи, Ѓорѓе Голубовиќ и Милош Драгаш, а за Одорхеи потпишаа и Антонио Ковачевиќ од Загреб, Вјачеслав Садовиј од Татран Прешов, како и белорускиот репрезентативен голман Вјачеслав Салдаценка.