Драган Ѓукиќ за 24 Ракомет ТВ: Вујо на шега вели дека играме партизани против Германци

Селекторот на Црна Гора, Драган Ѓукиќ пред натпреварот од првото коло на Европското првенство очекува неговите момци да го дадат максимумот, а вели дека со задоволство би ги видел своите ракометар, но и ракометарите од Македонија и од Словенија во Вараждин.

За групата во која се три репрезентации од поранешна Југославија, и во која има двајца поранешни тренери на Вардар, а воедно и селектори на Македонија имаше интересен коментар.

„Вујо во шега вели дека ова е група во која играат партизани против Германци. Навистина е интересна група, за која некои велат дека е група на смртта“, изјави Ѓукиќ за 24 Ракомет ТВ.

Комплетното интервју за 24 Ракомет ТВ може да го погледнете во продолжение.