Драган Начевски, судиите и делегатите почнаа подготoвки за ЕП во Франција

Европското првенство во женска конкуренција кое од 29 ноември до 16 декември ќе се одржи во Франција ќе донесе многу нови интересни средби, а на ова натпреварување Македонија ќе има свој претставник меѓу официјалните лица.

Драган Начевски ќе биде дел од уште еден големо натпреварување и тој ќе се најде на овој шампионат меѓу делегатите кои се вкупно 12 на број.

Начевски заедно со другите делегати беше дел од подготовките за шампионатот во Франција на кој особено големо внимание им се даде и на судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварувањето.

На стартот има 14 судиски двојки, но на првенството место ќе има само за 12, а ќе ги има од Австрија, Хрватска, Данска, Шпанија, Франција, Грција, Унгарија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Русија, Србија, Шведска и Словачка.