Драган Аџиќ: Средбите против Вардар ни се голема лекција

Екипата на Будуќност претрпе и четврти пораз сезонава од Вардар, а ова беше прв загубен меч во Лигата на шампионите. Црногорките беа немоќни уште еднаш и претрпеа уште еден висок пораз од 24:31, а тоа за тренерот Драган Аџиќ е можност за учење.

300x250

„Сезонава натпреварите со Вардар ни се највредни. Од нив учиме најмногу. Ќе ги имаме уште до крајот на сезоната и ова ни е најдобрата школа. Вардар игра мотивирано против нас и ги покажа нашите слабости. Го следам Вардар од основањето и сметам дека во моментов де во најдобриот состав и со најголема енергија. Што се однесува до нас, ова е одлика на еден млад тим. Има падови и подеми во играта. Задоволен сум од тоа како ја градиме сезонава и верувам дека ќе обезбедиме четврт-финале што ќе биде максимум сезонава“, изјави Аџиќ.