Драгана Цвијиќ за 24Ракомет ТВ: Ова не беше наш ден (ВИДЕО)

Новата вардарка го игра својот последен европски натпревар за Будуќност во недела во натпреварот за трето место откако црногорците загубија во првото полуфинале од Ѓер со конечен резултат 20-26. Корпулентниот пивот ова лето пристигнува во Скопје, но впечаток е дека одличната генерација ракометарки на Будуќност можеше повеќе. Цвијиќ истакна дека ова не бил нивен ден, но се надева дека во финалето нема да игра против Вардар иако шансите се 50-50.