Драгана Цвијиќ за 24Ракомет ТВ: Сакам секогаш да победуваме пред вака полна сала (ВИДЕО)

Пивотот на Вардар, Драгана Цвијиќ игра одлично во Лигата на шампионите уште од стартот на сезоната. Таа е незаменлив дел и од одбраната и од нападот така што редовно е меѓу подобрите ракометарки.

„Задоволство ми е кога можам да играм пред полна сала. Секогаш мотивот е поголем и би сакал да биде вака секогаш во иднина. Се надевам дека фановите ќе ја исполнат салата и на следните средби коишто ќе ги играме во вториот дел од сезоната“, изјави Цвијиќ.

Во продолжение можете да ја слушнете комплетната изјава на Драгана Цвијиќ дадено за 24Ракомет ТВ.