До вчера беше играч, од денес е тренер во Сиудад Логроњо

Тимот на Сиудад Логроно официјално го престави својот нов асистент тренер. Станува збор за поранешниот светски шампион, Рубен Гарабаја кој се подготвува за следниот чекор во кариерата.

За оваа нова аквизиција се огласи и тимот во порака.

„После направената анализа од бордот и тренерот беше одлучено дека е неопходно и според можностите на тимот беше одлучено Рубен Гарабаја да биде нов асистент тренер на тимот почнувајќи од 24 август до крајот на сезоната“, стои во пораката на тимот.

Покрај тоа што ќе работи со првиот тим, поранешниот светски шампион ќе има работа и со младите категории со тоа што ќе има организацискии и тренерски задачи.

Сега како тренер, а порано како славен играч, својата приказна ја започна во Асобал лигата во 1997 година со Адемар Леон. Таму ги освои Лига купот, Купот на кралот и Купот на победниците на куповите. Следниот чекор му беше Ваљадолид каде со тренерот Хуан Карлос Пастор ги освои Лига купот и два пати Купот на кралот. Во 2007 потпиша за Барселона каде ги освои куповите уште неколку пати, а воедно успеа да освои и два Супер купа на Шпанија. Во 2010 потпиша за Логроно каде неодамна ја заврши својата кариера.

Во репрезентацијата на Шпанија забележа 168 настапи и постигна 318 гола. Најголемиот успех му беше златниот медал од Мундијалот во 2005 година. Останати поголеми успеси му се сребрен медал на Европското првенство 2006 година и трето место на Олимписките игри во 2008 година и Мундијалот во 2011 година.