Доминација на Каталонците: Барселона изброи до 20 титули во Супер купот на Шпанија

Пред стартот на новата сезона екипата на Барселона потврди дека се наоѓа во добра форма и дека и во новиот шампионат е без конкуренција за освојувањето на титулата.

Каталонците го совладаа тимот на Логроњо ла Риоха со 31:25 во мечот од Супер купот и на тој начин го најавија новиот поход по титулата во првенството на Шпанија.

Тимот на Логроњо немаше сили за да се бори против ракометарите на Барселона кои со ова се изборија за титулата број 20 во натпреварувањето, а воедно ова им беше и 6. трофеј во серија под водство на Чави Пасквал.

На мечот против Ла Риоха, Мортенсен и Доленец беа најефикасни со по пет гола, а најпрецизен на средбата беше ракометарот на поразениот тим, Алустиц со седум погодоци.