Доминацијата продолжува: Бутел Скопје лесно и во Делчево

Лидерот во Првата машка лига, Бутел Скопје не дозволи да има проблеми околу нов триумф во натпреварувањето и задржувањето на предноста. На гостувањето во Делчево немаше никаков проблем за да се оствари триумф па лесно дојде до нови три бода.

300x250

Уште во првото полувреме беше решено сè и Делчево Вардар немаше никакви шанси за да се избори за бодови. Домашните се трудеа, но не можеа да го следат темпото на игра.

После девет гола разлика на паузата беше лесно да се одигра во продолжението, а тоа донесе одлична предност за вториот дел кога се чуваше високото водство и без проблеми се обезбеди нов триумф. Игор Котевски им даде шанса на сите ракометари, а тие знаеја како да дојдат до убедлва победа и да продолжат со доминацијата во Прват лига.

ДЕЛЧЕВО ВАРДАР – БУТЕЛ СКОПЈЕ       23:36 (12:21)

Сала: М. М. Брицо во Делчево. Гледачи: 100. Судии: Иван Јованов и Стефан Станков од Штип. Делегат: Зоран Јовановски од Штип.

ДЕЛЧЕВО ВАРДАР: Златков, Анастасовски, Ѓоргиев 6, Минов 1, Митрев 5, Стоиловски, Милчевски 3, Цоневски 1, Петровски 2, Стоименовски 2, Георгиевски 2, Коларски 1.

Седмерци: 2/5, Исклучувања: 6 мин.

БУТЕЛ СКОПЈЕ: Блажевски, О. Трајковски, Георгиевски 7, Стоилевски 6, Стојановски 4, Чапов 1, А. Димовски 1, Николовски 1, Лесански 1, Р. Димовски 1, Николовски 6, М. Трајковски, Коловски 3, Андовски 5, Маркудов.

Седмерци: 3/6, Исклучувања: 10 мин.