Доминацијата на Вардар продолжува: Лука Циндриќ е играч на 2017 година во Европа

Ракометарот кој го даде голот за пласман во финалето на фајнл-фор турнирот во Келн, Лука Циндриќ е прогласен за играч на 2017 година после гласањето коешто беше направено од страна на Европската ракометна федерација.

Тој доби 6731 глас што беше 46 проценти од вкупниот број на гласачи така што заврши пред Мате Лекаи од Веспрем кој имаше 6039 гласа (41 процент).

Циндриќ имаше импресивна сезона во која доминираше во нападот на Вардар и го водеше кон успех во сите натпреварувања. Ова е само потврда на она што го сработи во текот на целата 2017 година така што признанието доаѓа во вистински раце.

На 3. место се најде Арпад Штербик кој имаше 833 гласа.

Кај дамите наградата заврши кај Романката, Кристина Неагу која игра за ЧСМ Букурешт. Таа се најде на тронот пред Анита Горбиц од Ѓер.