Домаќинот Унгарија против Норвешка по златото на младинскиот Мундијал

На Светското првенство за ракометарки до 20 години денеска е последниот ден, а за златото ќе има битка меѓу домаќинот Унгарија и селекцијата на Норвешка.

300x250

После изненадувањето во полуфиналето во кое Норвежанките славеа над Русија со седум гола разлика, во вториот дуел немаше ништо непредвидено. Унгарките немаа проблем со Јужна Кореја и си обезбедија најмалку сребро.

Со оглед на тоа што вечерва од 20 часот играат во финалето пред своја публика може да се очекува да успеат да се изборат за добар резултат и за златото.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПОЛУФИНАЛЕ

РУСИЈА – НОРВЕШКА   23:30 (12:14)

УНГАРИЈА – ЈУЖНА КОРЕЈА       30:25 (14:11)

НАТПРЕВАРИ ЗА ПЛАСМАН

МЕЧ ЗА 7. МЕСТО

12:30ч

ФРАНЦИЈА – РОМАНИЈА

МЕЧ ЗА 5. МЕСТО

15:00ч

ХОЛАНДИЈА – ДАНСКА

МЕЧ ЗА 3. МЕСТО

17:30ч

ЈУЖНА КОРЕЈА – РУСИЈА

ФИНАЛЕ

20:00ч

УНГАРИЈА – НОРВЕШКА