Домаќинот разочара: Италија ја торпедираше Грузија и ја остави без полуфинале

Селекцијата на Грузија после победата над Белорусија во 2. коло најави дека ќе оди на првото место на турнирот во Тбилиси, но очигледно тој ден на инспирација бил многу лош ден за Белорусите.

Денешната победа на Италијанците од 36:21 над Грузијците е показател на вистинскиот квалитет на репрезентацијата која е домаќин, па најверојатно оваа селекција нема да може да се бори ниту за 5. место.

Италија е најпријатното изненадување, а оваа селекција в четврток против Белорусија ќе биде во битка за одбегнување на дуел против Македонија во полуфиналето. Со победа или реми, Италија е прва, но доколку Белорусите стигнат до победа тогаш тие ќе бидат први во групата.

ЕХФ-ШАМПИОНАТ (ГРУЗИЈА)

РЕЗУЛТАТИ ОД 4. КОЛО

ГРУПА А

ФАРСКИ ОСТРОВИ – ЛИТВАНИЈА    34:23

МАКЕДОНИЈА – ШВАЈЦАРИЈА    32:31

ЛУКСЕМБУРГ – ЕСТОНИЈА    31:24

ТАБЕЛА: 1. Македонија 8 бода (125:115); 2. Швајцарија 6 (129:97); 3. Фарски острови 4 (120:106); 4. Луксембург 4 (113:107); 5. Естонија 2 (90:116); 6. Литванија 0 (92:128)

ГРУПА Б

ИТАЛИЈА – ГРУЗИЈА    36:21

ФИНСКА – БЕЛОРУСИЈА    19:35

ТАБЕЛА: 1. Италија 6 (95:58); 2. Белорусија 4 (91:73); 3. Грузија 3 (97:109); 4. Грција 2 (66:78); 5. Финска 1 (61:92).