Домаќинот покажа како се игра во Сплит: Хрватска ја „размонтира“ Србија на стартот на ЕП

Репрезентацијата на Хрватска тргна со победа во походот по златниот медал на Европското првенство на кое е домаќин, а во големото дерби кое се одигра во Сплит успеа да ја „размонтира“ репрезентацијата на Србија и да и нанесе уште еден пораз во овој јануари со 32:22.

Хрватите беа подобриот противник во поголемиот дел од средбата така што овој триумф беше повеќе од заслужен. Огромната поддршка од трибините даде резултат на теренот, а играчите знаеја како да го искористат моментот и да дојдат до убедлива победа.

Отпорот на Србија траеше околу 20 минути, а проблемите беа најмногу поради тоа што одбраната на Хрватска не функционираше. Алиловиќ бранеше одлично, но тоа не беше доволно за да може порано да се обезбеди предност. Требаше повеќе време за да дојде до резултат, а предноста пристигна во финишот на првото полувреме кога Хрватска конечно успеа да запре неколку напади на противникот и да искористи шанса за да стигне до убава позитива и на одмор да замине со 14:9.

Во вториот дел од мечот оваа разлика се чуваше и само се зголемуваше. Хрватите беа цврсти и знаеја како да ја контролираат играта така што без проблеми играа до крајот на мечот и ги радуваа своите навивачи кои имаа можност да ја прослават првата победа.

Ова е најава дека Хрватска тргнува според планот на овој шампионат и оди по посакуваниот пласман на првенството.