Долдуров останува во Радовиш и следната сезона

По продожувањето на договорите со четворица ракометари од минатата сезона, тимот на Радовиш му го продолжи и престојот на долгогодишниот член Александар Долдуров.

Левото крило, кој по камбекот од Металург Јуниор, долго време е член на тимот предводен од Љупче Мијалов, уште една сезона ќе биде дел од Радовиш.

Во претендентот за плеј-оф следната сезона остануваат Илиев, Паунов, Ѓорѓиев и Билиќ, додека ново име е кружниот напаѓач Пеце Ѓорѓиоски.