Додека другите се одмораа: Словенците единствени на утрински тренинг

За репрезентативците на Словенија нема пауза. Тие и денеска на ден на натпреварот против Македонија тренираа и се загреваат за првиот натпревар на шампионатот.

Се работеше за полесен тренинг на кој ракометарите од Словенија имаа само истрчување. Акцентот беше ставен на кондициски план така што тактичкиот дел останува оној што беше подготвен претходно. На овој начин се подготвуваат за натпреварот против Македонија кој се игра денеска од 19:30 часот.

Словенците се единствени кои денеска беа на тренинг на ден на одигрување на натпреварот од 1. коло така што се разликуваат од другите селекции кои добија можност за одмор и повеќе за психолошка подготовка за отворањето на средбите од групата Ц.