Добро познат лик на билетарницата на Арена Загреб (ФОТО)

Македонската ракометна репрезентација вечерва од 19 часот и 30 минути го стартува Европското ракометно првенство во Хрватска. Противник е Словенија против која последен пат забележавме победа на ЕП во Србија. Токму таа победа ни го донесе и најдобриот пласман на големите натпреварувања.

300x250

Долг е постот на македонските ракометари против Словенија, а натпреварот вечерва е шанса да стигнеме до многу важна победа која може да го отвори нашиот пат за што повисок пласман во Хрватска. За исполнување на таа цел потребна е поддршка од целокупната македонска јавност, и секако најмногу од македонската ракометна фаланга која се очекува во голем број на трибините во Арена Загреб.

Објективот на 24 ракомет на билетарницата на Арена Загреб забележа добро познат лик за сите љубители на ракометот во Македонија. Станува збор за поранешниот македонски репрезентативец Влатко Митков кој повторно ќе води значајни битки заедно со своите соиграчи, овојпат од трибините во Загреб.

Македонските фанови кои се најдоа пред Арената Загреб веднаш го препознаа поранешниот македонски репрезентативец и посакаа една заедничка фотографија за среќа пред вечерашниот дуел со Словенија.

Се надеваме дека Влатко Митков ќе биде таличен за своите поранешни репрезентативни другари вечерва да стигнат до голема победа над Словенија.