Доброгеа Суд загуби и во првенството од Динамо

Екипата на Доброгеа Суд Констанца за која настапуваат Никола Митревски и Велко Маркоски, тренер е Звонко Шундовски, а во стручниот штаб е и Бранко Ангеловски, ја почна сезоната во првенството на Романија со пораз од 24:30 на домашен терен.

Констанца не успеа да се снајде против Динамо Букурешт и за кратко време претрпе два порази од истиот тим. Откако претходно беше поразена и во Супер купот на Романија, сега и во првенството мина речиси исто.

На полувреме резултатот беше 10:17, а потоа дојде до поизрамнета игра, па во вториот дел разликата остана 5-6 гола и на крајот беше 24:30.

Сепак, ова е старт на сезоната и допрва ќе се очекуваат подобри игри од тимот на Констанца кој во оваа сезона влезе со поголеми амбиции и со желба за атак на трофеите во сите натпреварувања.