Добри како виното: Кире и Штербик меѓу ветераните чија легенда веќе живее (ВИДЕО)

На крајот од годината беше направено сумирање и на потезите коишто ги направија ракометарите коишто повеќе од две децении се присутни на натпреварите во Лигата на шампионите и со своите потези воодушевуваат. Меѓу нив се и Кире Лазаров и Арпад Штербик, а за какво друшто се работи можете да погледнете.

Кога ќе се споменат уште Ласло Наѓ, Тиери Омејер, Славомир Шмал… сосема јасно е дека тоа се легенди коишто никогаш нема да згаснат.

Најголемиот дел се длабоко во четвртата деценија, но има и некои кои се веќе во петтата деценија од животот. И покрај тоа играат одлично и понатаму ги воодушевуваат своите фанови.