Добој годинава го слави јубилејниот 50. роденден

Турнирот во Добој кој во минатото беше редовен во подготовките на Вардар годинава ќе го има своето 50. издание. И овој пат нема да има македонски екипи, па традиционалниот ТВ турнир на шампионите нема да го има квалитетот кој сите се навикнати да го следат.

На теренот во Добој годинаава ќе истрчаат составите на Киф Колдинг (Данска), Стеауа (Романија), татран (Словачка), Копер (Словенија), Хапоел РЛ (Израел), Војводина (Србија), Извиѓач (БиХ) и Слога (БиХ).

Турнирот се одржува од 14 до 18 август, а ова е истото време во кое ќе се одржува и турнирот во Струга каде ќе има далеку поквалитетни екипи кои ќе земат учество.