Дисингер остана во Скопје, а денеска се израдува на победата на Кил (ФОТО)

Засилувањето на Вардар од Германија, Кристијан Дисингер се стекнува со право за настап од 6. коло во Лигата на шампионите и затоа не е со колегите во Полска. Тоа му овозможи да погледне интересен натпревар од Бундес лигата на кој настапуваше неговиот сега веќе поранешен клуб Кил.

Кил го совлада Рајн Некар со 27:24, а Дисингер од Скопје даваше поддршка за поранешните соиграчи кои денеска имаа одлична средба во Бундес лигата и покажаа далеку подобра игра од Рајн Некар, кој после поразот од Вардар успеа да го совлада Кристијанштад во Лигата на шампионите, но денеска не можеше против Кил.

Оттаму Дисингер имаше причина за радост, а сите очекувања се и утре да се радува после натпреварот меѓу Келце и Вардар.