Дисингер за 24Ракомет ТВ: Сè е можно до крајот…. (ВИДЕО)

Вардар загуби од Веспрем на домашен терен со 27-29 во 12 коло од Лигата на шампионите и падна на третата позиција на табелата во група А. Левиот бек Кристијан Дисингер смета дека и покрај поразот шансите за второто место не се загубени.

„Не се променија многу работите. Келце загуби, Рајн Некар загуби, па се е можно до крајот и ќе видиме што ќе се случи до крајот на сите натпревари. Ние ќе се обидиме да победиме на двата меча“, вели Дисингер.

Целосната изјава на германскиот интернационалец погледнете ја во продолжение…