Димитриоски за 24 Ракомет ТВ: Можам да одговорам на сè што ќе побара селекторот (ВИДЕО)

Ракометарот на Металург, кој игра на позицијата лево крило, Димитар Димитроски е еден од играчите во репрезентацијата кои можат да одиграат на неколку позиции. Тој е убеден дека ќе може да го сработи сето она што ќе му биде поставено како задача така што се очекува да биде на ниво и на првенството на оние средби на кои ќе добие шанса за да игра.

„Подготвени сме сите за да го одиграме она што ќе ни биде поставено како задача од страна на селекторот. Јас исто така можам да одговорам на сите задачи. Без разлика дали ќе играм како крило или како среден бек јас сум подготвен да ги исполнам сите задачи кои ќе ги постави селекторот“, изјави Димитриоски за 24 Ракомет ТВ.

Комплетната изјава на Димитриоски можете да ја погледнете во видеото во продолжение.