Димитриоски заврши со одморот, подготвен е за новиот предизвик наречен европски првак (ФОТО)

Иако беа најавени повеќе, сепак само еден македонски репрезентативец го засили европскиот шампион Вардар ова лето.

Станува збор за левото крило Димитар Димитриоски, кој доаѓа на местото на Владо Недановски, кој ја заврши кариерата.

Димитриоски по завршувањето на сезоната со Металург и по репрезентативните активности, беше на краток одмор во Грција.

Потоа го потпиша договорот со Вардар и замина на релаксирачки одмор во соседна Албанија. Таму ги наполни батериите заедно со поубавата половина и сега е подготвен за новиот предизвик наречен европски шампион Вардар.