Димитриевски ја сруши Бидасоа

Тимот на Синфин Сантандер, каде што настапува македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски, направи изненадување во 10. коло од Асобал лигата, откако на домашен терен ја победи второпласираната екипа на Бидасоа Ирун.

Синфин славеше со 23-22, со одлична игра во второто полувреме. По првиот дел домашниот тим имаше голема негатива од 12-16, но одбраната предводена од Димитриевски во вториот дел прими само шест голови.

Нашиот ракометар освен во одбраната, особено се истакна и во нападот и постигна шест погодоци за конечна победа од 23-22. Сега Синфин има десет бодови, само три помалку од второпласираната Бидасоа Ирун.