Димитриевски одличен, Синфин се врати со бод од Бенидорм

Дарко Димитриевски игра одлично во Асобал лигата оваа сезона. Неговиот Синфин Сантандер во последното коло од шпанскиот шампионат одигра нерешено на гостински терен кај незгодниот Бенидорм, 30-30.

Тој е лидер во одбраната на тимот од Сантандер, а на овој натпревар доби шанса и во нападот, па погоди два пати. Со овој бод Синфин сега има осум бодови, со биланс од три победа, два реми исхода и четири порази.

Во следното коло Синфин и Димитриевски ќе се соочат со второпласираната Бидасоа Ирун, која има 11 бодови, па со добар резултат, може да се искачат погоре на табелата.