Димитриевски го носи Синфин кон врвот во Асобал

Тимот на Синфин Сантандер одигра уште еден добар натпревар во Асобал лигата и ја продолжи серијата на четири меча без пораз. Откако ја сруши второпласираната Бидасоа на домашен терен, Синфин славеше и над незгодната Гвадалахара со 26-24.

Главна улога во тимот од Сантандер повторно имаше македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски, кој беше лидер на одбраната, но доби минутажа и во нападот и постигна 4 голови од исто толку обиди.

Синфин сега има 12 бодови и се наоѓа на осмата позиција, само три помалку од второпласираната Бидасоа, па со уште еден добар резултат ќе се вмеша во трка за место во Купот на ЕХФ следната сезона.