Дибиров си собра две награди во Требиње

Тимот на Вардар забележа три победи, од кои последната над Металопластика во финалето и го освои турнирот во Требиње. Покрај пехарот за тимот, вардаци добија и две индивидуални признанија. Тимур Дибиров беше прогалсен за најдобар играч и за најдобар стрелец.

„Се што работам, работам за тимот. Благодарам за признанијата. Турнирот ги оправда нашите очекувања, а Металопластика се претстави како одличен тим”, изјави Дибиров.

За најдобар голман беше прогласен Тодор Јандриќ од Металопластика, а пехарот за фер-плеј го доби тимот на Борац Бања Лука. Третото место на турнирот го освои тимот на Бутан Плин од Изола чии ракометари го победија Борац Бања Лука со 26-25. Петти е тимот на Извиѓач од Љубушки, а шесто е Леотар.