Дибиров: Сакаме да ги освоиме сите титули сезонава

Во Ол стар изборот на Ф4 турнирот во СЕХА лигата се најдоа и четворица вардарци, а меѓу нив и Тимур Дибиров. Левото крило по вторпат е во изборот на најдобрите седум на Ф4 турнирите. Претходно исто признание доби и кога вардарци триумфираа во Нови Сад. На првиот натпревар на Ф4 турнирот првакот беше супериорен против ППД Загреб. Вардарци покажаа дека влегуваат во формата што ја посакуваат и дека следува период на силни натпревари каде треба да почнат со освојување на трофеите што ги посакуваат.

Тие што велат дека Загреб е слаб не разбираат ракомет. Загреб е многу квалитетна екипа, и никој не праша колку време се подготвувавме за Загреб. Спремавме тактика, одбрана, напад и без грешки го покажавме тоа на терен и затоа беше таква разлика во резултатот. Во однос на Веспрем, бевме помотивирани од нив, зашто сакаме да ги освоиме сите турнири на кои учествуваме годинава. Нема шанси да добиеш натпревар во финале без жестока игра. Само со спартанско играње може да се победи. А така игравме ние сега. Кога играш со квалитетни екипи секогаш некој некого надигрува и не можеш да играш без грешки. Не ме интересира мојата техника, туку ми беше важно тимот да победи. Така размислуваме сите во тимот.“ – вели Дибиров.

По триумфот во СЕХА Лигата за Вардар следуваат обврски во домашното првенство и Купот, што треба да бидат подготовка за четвртфиналните средби од Лигата на шампионите.