Дибиров: Посебно е чувството како европски шампиони да играме во Скопје

Ракометарот кој е капитен на Вардар во отсуство на Стојанче Стоилов, Тимур Дибиров пред натпреварот против Порто во Лигата на шампионите вели дека ова ќе биде посебен дуел со оглед на тоа што играат првпат сезонава на домашен терен и тоа како европски шампиони.

„На стартот од Лигата на шампионите секогаш сме многу возбудени. Ова ни е прва средба дома како европски шампиони и тоа е посебно чувство. Со нетрпение го очекуваме овој натпревар. Очекувам полна сала и како и секогаш мора да одговориме со добра игра. Без разлика кој е противникот секогаш ќе биде тешко, па очекувам многу голема поддршка. Сите добро знаеме како ние играме во Скопје. Очекуваме можеби не лесни, но два бода. Ќе биде комплицирано бидејќи Порто игра 7 на 6, но мораме да се адаптираме на тој стил и не верувам дека некој може да не изненади. Анализираме добро, се концентрираме само на победа и чекор по чекор одиме напред“, изјави Дибиров.

Натпреварот против Порто е од 2. коло, а е прв дуел на домашен терен. Се игра в недела од 17 часот.