Дибиров не се шегува, иако е на одмор веќе почна со тренинзи за новата сезона (ВИДЕО)

Левото крило на Вардар, Тимур Дибиров не препушта ништо на случајноста и иако има уште време до подготовките тој веќе почна да го засилува темпото и да работи самостојно за што поподготвен да го дочека стартот на новата сезона.

Дибиров тренира на трака, а може да се види дека е во одлична форма. Одличен пример и за другите, а со оглед на тоа што се работи за големи професионалци никој не се сомнева дека на стартот на тренинзите во Скопје ќе нема проблеми за веднаш да се тргне во атак на добра форма и одлични резултати од стартот на сезоната.

Очигледно одморот за Дибиров веќе заврши и сега следува одново активност на високо ниво.