Дибиров: Не одиме во Келн само за да го гледаме европскиот крем…

Македонскиот шампион за свој противник во полуфиналето на Лигата на шампионите го доби стариот познаник составот на Барселона. Вардар и шпанскиот првак се единствените екипи кои не играа во осминафиналната фаза, а сега во првата средба оваа сезона ќе се обидат да дојдат до европскиот трон. Дибиров истакна дека е среќен што може да каже дека овој дуел има толку голема важност во ракометниот свет, а за конечниот исход ќе одлучуваат многу фактори.

Тимур Дибиров, ракометар на Вардар:

Среќен сум кога доживеав натпреварот меѓу Вардар и Барселона да биде толку важен и значаен дуел. Излегуваме како рамноправни екипи на терен, задоволни сме од ждрепката. Барселона не беше екипата која не ја посакувавме, но не чека тешка работа која треба да ја направиме во Келн. Бидејќи не одиме таму само да го гледаме европскиот крем туку и да се надигруваме.

Полуфиналниот натпревар меѓу Вардар и Барселона ќе се одигра на 3ти јуни во Ленксес Арената, а дефинитивната саатница ќе биде позната во наредните неколку дена.