Дибиров не дозволува да ги тепаат соиграчите – и доби црвен картон (ФОТО/ВИДЕО)

При резултат 23:22 во 43. минута од средбата меѓу Вардар и Металург се вжешти играта и атмосферата на теренот и дојде до мал прекин кој беше финиширан со црвен картон за Тимур Дибиров и две минути за Бојан Маџовски.

300x250

На црвениот картон за Дибиров претходеше старт на Маџовски над Кристопанс и ситуација во која немаше толку груб старт за да се дојде до прекин. Очигледно Дибиров беше предизвикан од реакцијата на Маџовски, па отиде во дуел со него, а судиите брзо реагираа и му доделија црвен картон.

Покрај Дибиров, исклучување имаше и Маџовски, па тоа беше брзо смирување на страстите на теренот и средбата продолжи без најефикасниот ракометар на дерби дуелите меѓу Вардар и Металург во СЕХА.