Дибиров за 24Ракомет ТВ: За победа над Веспрем треба да дадете повеќе од 100% (ВИДЕО)

Македонскиот првак во интересен натпревар го совлада унгарскиот првак Веспрем и ја освои третата СЕХА титула. Во финалето на регионалната лига во спортскиот комплекс „Викторија“ во Брест, вардарци победија против Веспрем со конечен резултат  26-21 и успешно ја затворија СЕХА сезоната. Левото крило на вардарци, Тимур Дибиров, одигра одличен меч и влезе во идеалниот тим на Ф4. Тој вели дека за победа против Веспрем секогаш треба да се даде повеќе од 100%…