Дибиров е првиот со јубилеен гол на пресметките меѓу Вардар и Металург во СЕХА (ВИДЕО)

Левото крило на Вардар, Тимур Дибиров со петте погодоци постигнати во првото полувреме на средбата против Металург успеа да стигне до јубилејниот 50-ти погодок на дерби двобоите против тимот од Автокоманда. Се работи само за дуелите кои се играат во СЕХА и тоа е постигнување со кое само поставува тешка задача за колегите во иднина.

300x250

Во моментов Дибиров нема конкуренција кога се во прашање погодоците и другите играчи заостануваат на овие пресметки, а расположението кај него е на високо ниво така што се очекува да има уште голови до крајот на средбата.

Инаку, Дибиров и претходно беше најдобриот стрелец на Вардар на пресметките против Металург во СЕХА, па ова не е ништо ново и само се одбележува првиот мал јубилеј во однос на головите кои се постигнати на дуелите меѓу македонските екипи во ова натпреварување.

Во продолжение можете да го видите јубилејниот гол на Дибиров на дуелот против Металург.