Дибирова: Треба да играме перфектно за да го победиме Битигхајм

По поразот од Мец, прв оваа сезона, ракометарките на Вардар ги чека нов предизвик, дуел со германскиот шампион Битигхајм. Иако загубија, вардарки се на првата позиција и имаат можност да останат таму, но ќе мора да победат на задутрешниот дуел. Тренерот Дибирова вели дека германскиот тим е анализиран доволно и дека нејзините избранички се подготвени за победа.

„Играме со Битигхајм, добро ги знаеме. Претходниот натпревар со нив го добивме со голема разлика, иако првиот дел не беше лесен. Треба да играме перфектно за да победиме, и да ја решиме нашата задача во групата. Од Мец загубивме само порадите нашите грешки. Ни треба поддршката од трибините од сите, да бидеме сложни сите заедно, кога губиме, треба да го вратиме победничкиот дух и да останеме на првото место.“ – изјави тренерот Дибирова.

Мечот меѓу Вардар и Битигхајм се игра в петок со почетокот од 19 часот.