Дибирова може да собори голем рекорд во Будимпешта

Тренерот на ЖРК Вардар, Ирина  Дибирова на престојниот Ф4 во Букурешт има шанса да стигне до нов рекорд.

Доколку ЖРК Вардар го подигне пехарот во Лигата на шампионките, Ирина Дибирова ќе стане првата жена која успеала да ја освои титулата како играч ( Шлагелсе 2005 и Звезда Зверингород 2008 година).

Во машкиот ракомет Талант Душебаев е човекот кој го држи овој рекорд. Најпрво во 1994 година како ракометар стигна до европската титула со екипата на Сантандер, а како тренер досега успеа да се закити со дури четири европски титули- Сиудад Реал (2006, 2008 и 2009) и Киелце (2016 година).

Ф4 турнирот од Лигата на шампионките  ќе се одигра на 12 и 13 мај во арената “Ласло Пап” во Будимпешта.