Дејвис: Ракометарите одлично работат на тренинзите, но кога ќе дојдат натпреварите…

Ракометарите на Веспрем ја продолжуваат лошата серија во Лигата на шампионите. Последниот шокантен пораз го доживеаја на гостински терен кај шведскиот аутсајдер Кристијанштад. Тренерот Давид Дејвис вели тимот работи одлично на тренинзите, но кога ќе дојдат натпреварите се случува блокада.

„Натпреварот ги започнавме одлично. Во првиот дел направивме предност од неколку голови, но во второто полувреме имавме многу технички грешки и катастрофална игра. Пробав да ја сменам одбраната, но не помогна ниту тоа. Не бев подготвен за вакво нешто. Тимот работи фантастично на тренинзите, но кога ќе започнат натпреварите…Ќе продолжиме да работиме, да тренираме и ќе направиме се за да ги оствариме целите на крајот на сезоната“, вели Дејвис.

Унгарскиот тим следна обврска во домашното првенство ќе има против Комло, а следен предизвик во Лигата на шампионите за Веспрем ќе биде повторно шведскиот првак Кристијанштад в сабота.