Дејвис донесе „свој“ ракометар во Веспрем (ФОТО)

Најдобриот египетски клуб Замалек потврди дека нивниот 21-годишен ракометар Јахија Омар ќе биде нов член на унгарскиот великан Веспрем од следната сезона.

Еден од играчите што изненадија со играта на неодамна завршеното Светско првенство во Германија и Данска беше токму Омар, па Веспрем побрза да го ангажира.

Иако Омар имаше договор со Замалек до 2021 година, но ќе биде на позајмица во тимот предводен од египетскиот селектор Давид Дејвис.

На десната бековска позиција Веспрем ги има Ласло Наѓ, кој најави крај на кариерата и Кент Робин Тонесен. Од позајмица ќе се врати Габор Анчин, а доаѓа и Павел Пачковски, па интересно ќе биде кои двајца ќе бидат во ростерот за следната сезона.