Деспина ја прекина „црната серија“

После четири порази во серија ракометарките на Деспина конечно дојдоа до победа и на тој начин прекинаа со лошиот ритам, па против Цемс го забележаа вториот триумф сезонава.

Деспина се избори за победа со пресврт откако во првиот дел од средбата Цемс беше тимот кој беше во предност. И првото полувреме имаше пресврти и двете екипи се менуваа во водство. Постојано имаше менување, а Цемс го доби финишот на првото полувреме.

Откако на полувреме беше 13:16 домашните брзо успеаја да стигнат до неутрализирање на негативата. Израмнија на 16:16 и влегоа со добра игра во вторите 30 минути. На тој начин се изборија за добра позиција, а истата им донесе на средината на второто полувреме предност од четири гола, 25:21.

Овие четири гола успеаја да ги зачуваат до крајот и да дојдат три бода од овој натпревар. Со тоа ракометарките на Деспина конечно ја прекинаа црната серија и сега имаат шест бодови со што на добар начин го дочекуваат дуелот против Пелистер в недела.

ДЕСПИНА – ЦЕМС          34:31 (13:16)

Сала: Р. Р. Ричко во Прилеп. Гледачи: 300. Судии: Никола Пауновски и Оливер Спироски од Струга. Делегат: Славчо Каланоски од Струга.

ДЕСПИНА: Богеска, Димитриеска, И. Ристеска, Гулеска, Седлоска 2, Димитрова, Е. Рипилоска, Л. Рипилоска 4, Крстевска, Камческа 5, Јовеска 10, Цветкоска 1, Т. Ристеска, Камческа 9, Конеска 3, Спироска.

Седмерци: 4/5, Исклучувања: 6 мин.

ЦЕМС: Филиповска, Станчева, Насковска, Чоловиќ 2, Цветковска 5, Василева 8,Мартиновска 4, Донева 1, Пецанова 8, Алушовска 3.

Седмерци: 5/6, Исклучувања: 4 мин.