Деспина му даде повеќе од 20 голови на Вардар!

Составот на Деспина од Прилеп е еден од ретките тимови во Македонија што успеал да му даде повеќе од 20 голови на шампионот Вардар. Тоа се случи вечерва во градот под Маркови Кули, каде вардарки триумфираа со убедливи 41:24.

За текот на натпреварот нема многу потреба да се пишува, бидејќи познато е како се одвиваат натпреварите на вардарки во Женската лига. На клупата кај Вардар беше и Андреа Пенезиќ но немаше потреба да влегува во игра бидејќи нејзините колешки успешно си ја завршија задачата. Прилепската публика пак имаа шанса да видат повеќе ракометарки кои играа на последниот Ф4 турнир во Будимпешта и кои го освоија сребрениот медал.

Вардар од друга страна немаше потреба многу да се намачи, бидејќи требаше да се сочува сила и за утрешниот меч против сестринскиот тим на Вардар јуниор. Диана Димова беше најдобра во прилепскиот тим постигнувајќи 11 голови, додека Михаела Камческа даде 7. Три ракометарки на Вардар постигнаа по 7 голови, Кузнецова, Керамичиева и Ристовска.