Десеткуваниот Келце го имаше Алекс Душебаев, но Арпад Штербик е играч на натпреварот

Составот на Веспрем се избори за победа од 29:27 на мечот против Келце во 1. коло од Лигата на шампионите и на тој начин тргна според планираното во новата сезона од најсилното клупско натпреварување.

300x250

Келце на овој натпревар дојде десеткуван. Недостигаа неколку важни ракометари кои се повредени меѓу кои беше и Лука Циндриќ. Сепак, го имаа Алекс Душебаев кој успеа да погоди десетпати. Меѓутоа и десетте гола не беа доволни.

На својот гол Веспрем во новата сезона го има херојот на Вардар, Арпад Штербик кој уште во првиот меч покажа дека е огромно засилување за тимот од Унгарија. Тој беше играч на натпреварот и ракометар кој му пресуди на шампионот на Полска. Со шест гола му се придружи Гајиќ, додека пет постигна Штрлек.

Оваа средба беше важна и за Вардар бидејќи се работи за екипи со кои „црвено-црните“ ќе треба да се соочат во оваа сезона. Инаку, на овој меч Дејан Манасков остана без погодоци.