Дерби во Франција: Кире и Нант зедоа бод против шампионот ПСЖ

Капитенот на репрезентацијата на Македонија, Кире Лазаров погоди петпати од седум обиди против ПСЖ и имаше одличен придонес во ремито од 27:27.

Во текот на целата средба имаше изранет ракомет. Им беше тешко на двете екипи да направат поголема предност така што останаа во близина и постојано се натпреваруваа кој ќе може да биде поблизу до победата.

Последните минути донесоа пресврт. Прво Нант имаше 26:25, а потоа гостите поведоа откако постигнаа два гола во серија. Сепак, на крајот Нант израмни и освои бод против тимот на ПСЖ со конечни 27:27.

На оваа средба во тимот на ПСЖ ги немаше суспендираните браќа Карабатиќ, кои ќе се вратат на терените после паузата за Европското првенство.

Ова реми му помогна на Монпеље (23 бода, прво место) да дојде до плус четири бода пред ПСЖ, а Нант со овој поен сега има 15 и е 6. позиција во најсилната лига на Франција.