Дербито на колото му припадна на Вардар

Екипата на Вардар успеа да и го нанесе вториот пораз на Стружанка во Женската лига. Во СЦ „Јане Сандански“, Вардар беше поуспешен од и славеше со 27:25 иако на моменти се чинеше дека гостинките може да стигнат до позитивен резултат.

Домаќинките почнаа фуриозно уште од самиот почеток. Стружанка требаше да отиде во негатива од минус четири за да се разбуди и да го подигне нивото на играта. До крајот на првиот дел потполно се врати и успеа да се избори за нерешен резултат на полувреме од 12:12.

Вистинската борба во овој натпревар почна во вториот дел. Вардар, редовно беше во минимална предност, но Стружанка успеваше да ја неутрализира. Домаќинките искористувајќи ги грешките на противничките ракометарки успеаја до крајот да си обезбедат предност која им ги донесе трите поени од овој дуел.

Младите вардарки продолжување на победничката еуфорија ќе имаат веќе во следното коло кое се игра во работен ден (среде/четврток) кога во СЦ „Јане Сандански“ ќе гостува екипата на Гевгелија. Стружанка следниот предизвик ќе го има против Куманово.

ВАРДАР – СТРУЖАНКА     27:25 (12:12)

Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Гледачи: 100. Судии: Марија Илиева и Силвана Карбеска од Скопје. Делегат: Љупчо Јаневски од Скопје.

ВАРДАР: Трајковска, Гоцевска 2, Ѓеоргиевска 1, Божиновска, Грујовска, Џатевска 2, Трпевска 6, Гроздановска 1, Костовиќ 2, Диневска, Миновска, Седлоска 6, Коларовска 3, Петковска 4, Дамјановска, Николиќ.

Седмерци: 5/6, Исклучувања: 4 мин.

СТРУЖАНКА: Јовичинац 5, Вранишкоска, Јованоска 10, Дурацоска 3, Јоноска 3, Затуроска 2, Митоска, Јусуфи, Петреска, Делиоска 2, Домазетоска.

Седмерци: 1/1, Исклучувања: 8 мин.