Дербито на колото за домаќинот: Металург подобар од Вардар

Екипата на Металург во Автокоманда успеа да слави голема победа над Вардар со 21:18. Гостите на овој натпревар не влегоа доволно мотивирано и уште на стартот дозволија негатива од 4:1. Ова водство на Металург беше најава за понатамошниот дел од дуелот во кој, Вардар успеваше да се враќа, но не и да ја преземе предноста.

На полувреме се замина со 10:7 во корист на Металург, а во останатите триесет минути игра иста како и во првиот дел. Во почетните минути од вториот дел, Вардар се доближи на минус еден, но сепак не издржа и остана поразен.

Во победата на Металург, сите ракометарки добро си ја одработија задачата, а Марија Тасевска беше најпрецизна со пет постигнати голови. Повратникот на теренот по повредата, Марија Гајиќ придонесе со четири. Кај Вардар, Андреа Седлоска беше најубедливиот стрелец и погоди 11 пати, а 10 голови беа од пенал, додека уште седум ракометарки постигнаа само по еден гол.

Со оваа победа, Металург е на пет бодови предност од Куманово кој има два натпревари помалку. Вардар со денешниот пораз го загрози своето трето место бидејќи Стружанка има ист број на бодови како нив, но и натпревар помалку.

Металург – Вардар 21:18 (10:7).

Сала: Автокоманда. Гледачи: 400. Судии: Виктор Начевски и Даниело Божиновски. Делегат: Русе Наумовски.

Металург: Илјаз, Софтовска, Гугуљанова 1, Ѓорѓиевска, Владева 2, Гулицоска 2, Тасевска 5, Смајлоска 2, Дамчевска, Калајџиевска 3, Граматова, Стефановска 1, Гајиќ 4, Брунчевиќ 1, Гичевска, Паскал.

Седмерци: 4/5, Исклучувања: 10 мин.

Вардар: Ѓеоргиевска 1, Боженовска, Грујовска, Џатевска, Ангеловска, Илиќ, Трпевска 1, Гроздановска, Костовиќ 1, Диневска, Седлоска 11, Коларовска 1, Јаковчевска 1, Дамјановска 1, Николиќ.

Седмерци: 11/14, Исклучувања: 10 мин.