Денеска ќе биде познато дали Македонија ќе има една, две или три екипи во Лигата на шампионите

Европскиот шампион Вардар со сигурност ќе добие директно место во групите А или Б од Лигата на шампионите, а дали Македонија ќе има уште еден или уште два претставници во елитната конкуренција, ќе биде познато во текот на денешниот ден.

Вицепрвакот Еурофарм Работник, како и третопласираниот Металург аплицираа за вајлд-карта, заедно со уште други 13 екипи, кои денеска ја очекуваат одлуката на Европската ракометна федерација.

Од екипите што лани играа во Лигата на шампионите ги нема Рајн Некар, Скјерн, Силкеборг, Бешикташ и Вакер Тун.