Денеска само шест дуели на СП: Почнува разврската во групата Ц

Селекциите од групите А и Б денеска имаат ден одмор на СП, а на терен ќе се најдат составите коишто играат во Ц и Д групите каде што сигурно ќе стане јасна ситуацијата за уште некоја селекција која продолжува во осминафиналето.

Пред овие дуели од 4. коло во групата Д е јасно дека Србија, Германија, Холандија и Јужна Кореја одат во следната фаза, а неизвесно е од кое место ќе тргнат во елиминациите. Камерун и Кина се далеку зад нив и немаат шанси да сторат ништо.

Во групата Ц, Русија е единствената сигурна, а четири селекции рамноправно конкурираат за уште три места, додека Тунис е единствената репрезентација која веќе нема шанси за ништо иако теоријата уште е со нив.

ДЕНЕСКА НА СП

ДВОЈКИ ЗА 4. КОЛО

ГРУПА Ц

РУСИЈА – ЈАПОНИЈА     14ч

ТУНИС – ЦРНА ГОРА     17:45ч

БРАЗИЛ – ДАНСКА         20:30ч

ТАБЕЛА: 1. Русија 6 (88:56); 2. Данска 4 (93:68); 3. Бразил 3 (67:74); 4. Јапонија 3 (75:88), 5. Црна Гора 2 (83:81), 6. Тунис 0 (57:96).

ГРУПА Д

КАМЕРУН – ЈУЖНА КОРЕЈА        12ч

СРБИЈА – ХОЛАНДИЈА 15:30ч

ГЕРМАНИЈА – КИНА      18ч

ТАБЕЛА: 1. Србија 5 (99:66), 2. Германија 5 (73:55); 3. Холандија 4 (91:61), 4. Ј. Кореја 4 (73:64); 5. Камерун 0 (58:91), 6. Кина 0 (57:114).