Денеска на турнирот во Битола: Бутел против Пелистер за 5. место и за најава на новата сезона

После три дена разигрување по групи денеска на Меморијалниот турнир „Боро Чурлевски“ во Битола на програмата се натпреварите за пласман. Во финалниот ден од турнирот се играат три средби, а програмата ја отвораат екипи од Македонија. На теренот ќе истрчаат Бутел Скопје и Пелистер, па овие два тима ќе се соочат во битката за 5. позиција.

Според пласманот следува дуелот меѓу екипите на Р. Кокс од Финска и Шербур од Франција, кои беа второпласирани во групите и тие денеска ќе се соочат во битката за 3. позиција, додека финалето веќе е познато дека ќе биде за претставниците на Турција и на Грција, Селка и Олимпијакос.

Сосема извесно е дека на овој турнир ќе има уште три возбудливи натпревари, а се очекува да има неизвесност бидејќи се работи за добри состави кои ќе имаат што да прикажат на теренот на денешните двобои.

РАСПОРЕД И РЕЗУЛТАТИ

ЧЕТВРТОК, 30 АВГУСТ

БУТЕЛ – РИХИМАЕН КОКС        22:28

ПЕЛИСТЕР – ОЛИМПИЈАКОС    27:31

ПЕТОК, 31 АВГУСТ

РИХИМАЕН КОКС – СЕЛКА         23:31

ПЕЛИСТЕР – ШЕРБУР                   29:34

САБОТА, 1 СЕПТЕМВРИ

ШЕРБУР – ОЛИМПИЈАКОС         26:25   

БУТЕЛ – СЕЛКА                              34:38

НЕДЕЛА, 2 СЕПТЕМВРИ

15:30ч

БУТЕЛ – ПЕЛИСТЕР

17:30ч

Р. КОКС – ШЕРБУР

19:30ч

СЕЛКА – ОЛИМПИЈАКОС